Ар Кели сака вината да ја префрли врз моите родители, тврди сведок

Адвокатот на Ар Кели во средата се обиде да ги поткопа тврдењата на една жена која го обвинува аренби пејачот за сексуална злоупотреба, презентирајќи писма што им ги напишала на членови на смејството, а во кои ги обвинила своите родители дека ја продале.

Адвокатот Девроу Кеник ја замоли жената, позната на клупата за сведоци како Џејн, да прочита писма во кои таа вели дека родителите ѝ предложиле да го лаже Кели за својата возраст и дека тие се обидувале да профитираат од нејзината врска со него.

Во писмо до нејзиниот брат, без датум, Џејн вели дека мајка им ќе ја натера да направи фотографии и видеа од неа и Кели, за да може да го уценува. Исто така, ја советува да се облекува провокативно за пејачот.

Џејн (23) им рече на обвинителите дека Кели (54) ги принудувал неа и други млади жени да ги пишуваат писмата за да го заштитат од можни правни проблеми.

„Обвинетиот ни кажуваше што точно да напишеме“, сведочеше Џејн на судењето на Кели во федералниот суд во Бруклин.

Кели, познат по песната I Believe I Can Fly која освои „Греми“, се изјасни дека не е виновен по обвинението дека водел децениска рекетарска шема во која злоупотребувал шест жени и малолетнички, вклучувајќи ја и Џејн и покојната пејачка Алија која тогаш имала 15 години.

Неколку фанови на Кели се собраа пред зградата на судот во средата (25 август) за да изразат поддршка. Натписи Free R Kelly беа испишани со креда на тротоарот во близина.

Пејачот, обвинет за сексуален напад, рекет и поткуп, а постојано ги негира овие обвинувања, се соочува со доживотен затвор доколку судот го прогласи за виновен.

Треба да знаете
Последни објави