„Дизни плус“ нарача ТВ-серија под наслов „Наутилус“ чие дејствие се темели на класичната подводна авантура „20,000 милји под морето“. Серијата ќе има 10 епизоди.
Научно-фантастичниот роман на францускиот писател Жил Верн (1870) беше адаптиран многу пати во текот на годините, почнувајќи од немиот филм од 1916 година, а подоцна и во Дизниевата верзија од 1954 година, со Кирк Даглас во главната улога.
Покрај многуте авантури, „Дизни“ сака повторно да го оживее капетанот Немо во форма на серија наместо филм.