Мараја Кери направи урнебесен дует со Рајан Рејнолдс на ТикТок

Додека го промовираше својот нов филм Free Guy („Слободно момче“) Рајан Рејнолдс откри дека ја обожава Мараја Кери што резултираше во вметнување на нејзиниот хит Fantasy во филмот, па дури и направи смешна усна синхронизација на ТикТок.

На видеото 44-годишниот актер се гледа како ги синхронизира усните за песната од 1995 година, обраќајќи им се на фановите: „Одете да го гледате Free Guy викендов за да престанам да го правам ова!“.

Видеото го привлече вниманието на 52-годишната пејачка, која во вторникот на својот Тикток-канал состави урнебесен спот во „дует“ со Рејнолдс.

Треба да знаете
Последни објави