Sвездата на „Импичмент“ вели серијата има за цел да ја искупи Моника Левински

ТВ-серија што го истражува импичментот на поранешниот американски претседател Бил Клинтон стартува во септември, а sвездата Бини Фелдстајн се надева дека може да „ја искупи“ Моника Левински во очите на некои гледачи бидејќи ја кажува нејзината страна на приказната.

Левински има невообичаено ниво на вмешаност во „Импичмент: Американска криминална приказна“, рекоа продуцентите пред премиерата на 7 септември. Таа даде повратни информации за сценариото и го одобри секој збор од дијалогот на Фелдстајн, sвездата на „Буксмарт“, а која ја потртетира поранешната приправничка.

Фелдстајн рече дека развила пријателство со Левински, се сретнала лично со неа непосредно пред да се појави пандемијата. „Кога почнавме да снимаме ѝ реков дека се гледам како нејзин телохранител“, рече Фелдстајн на настан на Здружението на телевизиски критичари.

Во 1998 година против Клинтон беше покрената постапка за отповикување поради давање лажни изјави за природата на неговата врска со Моника Левински. Сенатот го ослободи од обвиненијата и тој не беше отповикан.

Левински во времето на аферата имаше 22 години и работеше како асистент во Белата куќа.

Треба да знаете
Последни објави