(Ексклузивно видео) Вака Бјелогрлиќ го тепа Антонијевиќ

Актерот Драган Бјелогрлиќ е приведен под сомнение дека околу 4 часот утрово во нишкиот хотел „Амбасадор“ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати во главата, дознава „Блиц“.

Како што дознава „Блиц“, Бјелогрлиќ е во нишката полиција, каде чека да даде изјава.

Во меѓувреме се појави видео од тепањето на Антонијевиќ.

Антонијевиќ е автор на филмот „Дара од Јасеновац“, а пред извесно време го обвини Бјелогрлиќ дека му понудил поткуп на почетокот на 2016 година за да го поддржи филмот „Есента на самураите“. Антонијевиќ објави преписка со Бјелогрлиќ од 2016 година, во која се вели дека „може да заработи 100 сома“, а од е-поштата се гледа и дека Антонијевиќ категорично одбива да го стори тоа.

Бјелогрлиќ тогаш го негираше тоа и тврдеше дека преписката е фалсификувана.

-Кукавички и дивјачки ме нападна. Тоа е напад на дрогиран и пијан човек. Ме истепа затоа што мислеше дека „Дара од Јасеновац“ не треба да се снима и затоа што ја открив неговата корупциска афера. Бјелогриќ ми пријде одзади. Јас дури и не го видов додека не почна да ме удира. Седеше со Катарина Радивојевиќ. Тој беше пијан. Јас бев неговата вреќа за удирање. Има снимки од камерата, се се гледа, изјави Антонијевиќ за Новости.

Треба да знаете
Последни објави