Со децении наназад Здравко Чолиќ важи за еден од најистакнатите пејачи, но последниве месеци сè повеќе се зборува и пишува за неговата постара ќерка Уна.
Уна стана една од најпопуларните личности на Инстаграм, за што сега, по концертот во Црна Гора, прозборел и нејзиниот славен татко.
-„Уна сега е попопуларна од мене, има свои обожаватели“, рекол Чолиќ и додал:
-„Шега на страна, сето тоа е добро, ако. Но мене всушност ме воодушеви тоа што мојата друга ќерка Лара ги знае сите мои песни. Вечерва и двете беа во публика и прекрасно е што ги знаат моите песни. Многу уживаа. Ги видов од бината. Секоја песна ја пееја со мене и тоа ме прави среќен“, открил пејачот.