Никол Кидман изземена од мерката задолжителен карантин во Хонг Конг

Додека Хонг Конг се подготвува за нови драконски ограничувања за патување кои треба да стапат на сила од четврток на полноќ, австралиската актерка Никол Кидман доби дозвола од владата да го прескокне задолжителниот карантин, објавија медиумите.

Исклучокот е даден за да ѝсе овозможи да ја снима ТВ-серијата на „Амазон“ со наслов The Expats, објави веб-страницата за вести HK01, потег што е во спротивност со уредбата за задолжителен тринеделен хотелски карантин за жителите и за сите останати по влегувањето во азискиот финансиски центар.

„Ројтерс“, кој прв ја пренесе веста, не можел независно да ја провери информацијата. Владата на Хонг Конг не одговорила на барањето за коментар.

54-годишната холивудска sвезда била забележана како пазари и снима во поранешната британска колонија, откако пристигна од Сиднеј минатата недела, според HK01.

Треба да знаете
Последни објави