Дали се во љубовна врска или пак се само многу добри пријатели – се прашуваат фановите. Што мислите вие?
Папарацо фотографите успеале да ги фотографираат актерот и актерката во Њујорк во текот на нивната прошетка, а во еден момент прегрнати возеле велосипед, односно Зои седела назад додека Ченинг управувал со него.
Првпат озборувањата за нивната врска се појавиле во месец јануари, само неколку денови откако Зои поднесе барање за развод од актерот Карл, но извор близок до актерката тогаш за магазинот „E!“ изјавил дека таа е слободна.
Од друга страна Ченинг во месец октомври раскина со британската пејачка Џеси Џеј со која беше во врска од разводот со актерката Џена Деван.
Се верува дека Зои и Ченинг се запознале на сетот на филмот „Pussy Island“, трилерот кој е режисерско деби на Кравиц, а во кој актерот ја има главната улога.
Преземено од Точка