Search

Северина се огласи по разводот: Не сум вреќа за удирање, секоја разделба е тешка и медиумите да се воздржат од пишување глупости

Хрватската пејачка северина Северина и Игор Којиќ и официјално се разведоа, а по тој повод за прв пат се огласи и пејачката.

-Одлуката за развод ја донесовме заеднички и пријателски и нема да ја коментираме понатаму, бидејќи не ја коментиравме нашата разделба. Мојата посветеност кон мојот син и борбата за старателство беа во целосен фокус во изминатите 20 месеци. Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви, вели Северина и порача: „Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите.“

Игор на Инстаграм денеска сподели фотографија од својата сенка на тревата , потсетувајќи на ставот на пејачот Фреди Меркјури, бидејќи едната рака ја крена во воздух исто како што честопати правеше починатиот фронтмен на рок групата Квин во музички спотови и настапи, пишува Слободна Далмација.

„Се е кажано, благодарам за разбирањето, изјави кусо тој за Јутарњи.

 

Треба да знаете
Последни објави