Search

Девојка тврди дека Р. Кели ја терал да се облекува како извидник

Клучен сведок на обвинителството против Р. Кели на судењето за сексуална злоупотреба го продолжи своето сведочење во четвртокот (19 август), откривајќи дека аренби пејачот ги снимaл нивните сексуални активности и инсистирал таа да се облекува како извидник.

Џерхонда Пејс (28) е една од шесте жени  за кои обвинителите велат дека Роберт Силвестер Кели, познат по свото уметничко име Р. Кели, ги манипулрал и барал од нив апсолутна посветеност во текот на дводецениската шема на рекетирање и злоупотреба на своите жртви.

Пејс, поранешна обожавателка на Кели, која тврди дека ја злоставувал кога имала 16 години, изјави пред обвинителот во федералниот суд во Бруклин дека од неа се барало да ги почитува, како што рече, „правилата на Роберт“.

Таа наведе некои од правилата до кои морала да се придржува: треба да добие дозвола да оди во тоалет, да го испочитува Кели кога влегува во соба, и да го вика „тато“.

Пејс сведочи дека Кели сакал косата да ѝ биде направена со плетенки за нивните средби и да се облекува како извидник.

Треба да знаете
Последни објави