Search

Дали ова е новиот најубав пар на светот? Хoливудскиот актер и прекрасната актерка „уловени“ во неочекувана ситуација

Дали се во љубовна врска или пак се само многу добри пријатели – се прашуваат фановите. Што мислите вие?

Актерот Ченинг Тејтум (41) и актерката Зои Кравиц (32) и претходно успеваа да предизвикаат гласини дека се во врска, но по овие фотографии ќе им биде уште потешко истите да направат да престанат.

Папарацо фотографите успеале да ги фотографираат актерот и актерката во Њујорк во текот на нивната прошетка, а во еден момент прегрнати возеле велосипед, односно Зои седела назад додека Ченинг управувал со него.

Додека шетале двајцата постојано се смешкале и разговарале, а делувале многу опуштено еден покрај друг. Покрај тоа биле и лежерно облечени, а Зои не била ниту нашминкана.

Првпат озборувањата за нивната врска се појавиле во месец јануари, само неколку денови откако Зои поднесе барање за развод од актерот Карл, но извор близок до актерката тогаш за магазинот „E!“ изјавил дека таа е слободна.

Од друга страна Ченинг во месец октомври раскина со британската пејачка Џеси Џеј со која беше во врска од разводот со актерката Џена Деван.

Се верува дека Зои и Ченинг се запознале на сетот на филмот „Pussy Island“, трилерот кој е режисерско деби на Кравиц, а во кој актерот ја има главната улога.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави