Обвинителката го нарече Р. Кели предатор на стартот на судењето за сексуално злоставување

Роберт Силвестер Кели е предатор кој бараше апсолутна верност од многуте жени и малолетнички со кои доминираше во дведецениска шема на рекетирање, изјави федералната обвинителка во средата (18 август) на почетокот на судењето за сексуална злоупотреба на аренби ѕвездата.

Одбраната на Кели се спротивстави дека случајот има празнини и дека тужителките на 54-годишниот пејач биле несреќни поранешни фанови кои сакале да му се одмаздат бидејќи нвните надежи не биле исполнети.

Во својот воведен говор, помошникот јавен обвинител Марија Круз Мелендез ѝ се обрати на поротата во Бруклин, составено од седум мажи и пет жени, нагласувајќи дека Кели користел лаги, манипулации, закани и физичко малтретирањеза да ги контролира своите жртви, и често ги снимал нивните сексуални средби.

Обвинението ги опишува наводните врски на Кели со шест жени и девојки, четири малолетнички во тоа време. Тие ја вклучуваат и покојната пејачка Алија, која имаше 15 години кога се омажи за Кели.

„Овој случај говори за предатор“, рече Мелендез. „Во овој случај не станува збор за селебрити-личност која сака многу да се забавува.“

Кели, трикратен добитник на „Греми“, познат по хитовите Believe I Can Fly и Bump N’ Grind, се изјасни дека не е виновен по обвинението од девет точки, кое вклучува поткуп и изнуда. Тој категорично негираше дека сторил кривично дело.

Треба да знаете
Последни објави