Search

Шварценегер бојкотиран од бренд за спортска исхрана по коментарот „По ѓаволите со вашата слобода“

Компанија за спортска исхрана со седиште во Флорида, под назив REDCON1, во вторникот објави дека целосно ја прекинува поддршката за фитнес настаните на Арнолд Шварценегер, по жестоките пораки на бодибилдинг-иконата упатени кон антиваксерите во неодамнешниот разговор со „Си-ен-ен“.

Минатата недела, актерот и поранешен гувернер на Калифорнија зазеде цврст став за заштита среде пандемија додека зборуваше со Бијана Голодрајга од Си-ен-ен.

„Вирусот е тука. Тој убива луѓе и единствениот начин како да го спречиме е: вакцинирајте се, носете маски, држете социјална дистанца, мијте ги рацете цело време, а не само да размислувате: „Па, мојата слобода е нарушена“. По ѓаволите со вашата слобода, луѓе умираат,“ рекол тој, обраќајќи им се индиректно на антиваксерите.

„Имате слобода да не носите маска, но многу е неодговорно да не ја носите. Затоа што треба да ги заштитите вашите сограѓани Американци!“

Како одговор, основачот на REDCON1, Арон Сингермен, во објава на Инстаграм напиша: „Секој што вели screw your freedoms не е Американец, а REDCON1 е патриотски бренд за слобода. Ја поддржуваме слободата на избор. Не сакаме Арнолд да биде цензуриран или откажан. Ние едноставно не можеме да го поддржиме неговото мислење со нашите долари“.

Треба да знаете
Последни објави