Search

Најголемата авганистанска ѕвезда едвај спаси жива глава

Радикалните талибанци кои ја освоија државата во Авганистан се толку радикални што многумина граѓани сакаат да ја напуштат земјата, додека други очајнички едвај спасија жива глава.

Она што светот го остави во неверување беа снимките од американските воени авиони каде што имаше голем број на луѓе кои бегаа од земјата. Една од нив беше и пејачката Арјана Сајед која едвај спаси жива глава од радикалците.

Таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија од авионот каде беше со нејзиниот сопруг.

– Во едно од последните свои интервјуа кажав дека ќе бидам последниот војник кој ја напушта земјата, вели таа.

Таа се моли нејзиниот народ да живее мирно и без страв од бомбашите самоубијци и експлозиите. Моето срце и мисли секогаш ќе бидат со вас.

-Добро сум и жива сум, после неколкуте непреспани ноќи кои никогаш нема да ги заборавам стигнав во Доха, Катар и чекам евентуален лет за Истанбул, напиша таа.

 

Преземено од Република

Треба да знаете
Последни објави