Search

Жена тврди дека е во брак со духот на Мајкл Џексон

Maјкл Џексон почина во јуни 2009 година, десет дена пред концертот како дел од повратната турнеја во лондонската О2 арена.

Но, неговиот дух не мирува ако ја прашате Американката Кетлин Робертс која тврди дека се омажила за духот на починатиот крал на попот.

Кетлин, која за себе вели дека е реинкарнирана Мерилин Монро, сега укажува на поврзаност со друга почината славна личност. Имено, Американката тврди дека е во брак со духот на Мајкл Џексон и дека ги венчал Мартин Лутер Кинг Џуниор, пренесува „Њојорк пост“.

Истиот извор ја цитира Кетлин, која вели: иако немаме односи, ние сме среќни, особено Мајкл кој преку моето тело може да танцува, да пее и да јаде.

„Мајкл е со мене цело време, ме следи секаде. Тој многу сака да јаде колачиња, и пцуе многу повеќе отколку што очекував како негова поранешна обожавателка. Често посочува недостатоци или грешки. Верувам дека тоа го наследил од неговиот татко, затоа се обидувам да го толерирам, затоа што го сакам и затоа што самата не сум совршена.“

Треба да знаете
Последни објави