Search

Вака изгледа животот со Џенифер Лопез – Алекс Родригез откри сe’ за латино дивата

Поранешниот вереник на Џенифер Лопез, Алекс Родригез прозборе за заедничкиот живот со латино ѕвездата и откри колку влијала разделбата врз него.

Алекс ја отворил душата и прозборе за периодот од животот кој го поминал со пејачката Џенифер Лопез која по нивната разделба се врати на поранешниот партнер Бен Афлек.

– Имав пет години прекрасен живот исто така и моите ќерки имаа прекрасен однос, многу научивме, открил Родригез.

Поранешниот спортист кажал дека е многу благодарен на тоа каде животниот пат го однел, како и дека е многу задоволен. Најдраго ми е што ги гледам како ќерките ми се развиваат и растат и на тоа сум посебно горд.

– Знаете што, ние сме многу благодарни за последните пет години од нашиот живот, сега размислуваме за тоа како и наредните пет години да бидат подобри на основа од научената лекција од минатото.

Извор: Курир.рс

Треба да знаете
Последни објави