Search

Актерот Лане Гутовиќ итно приклучен на респиратор, состојбата нагло му се влошила

Легендарниот српски актер, Милан Лане Гутовиќ, кој се наоѓа на интензивна нега на Военомедицинската академија во Белград, итно бил приклучен на респиратор откако неговата состојба нагло се влошила.

До утрово, Гутовиќ беше во стабилна состојба и примаше кислород преку специјален уред (маска со висок проток HFNC).

Актерот не бил во состојба опасна по живот кога беше примен во болница во петокот, но според лекарите, болеста е таква што во секој момент може да настанат негативни промени.

Гутовиќ бил примен со симптоми на Ковид, но тестовите биле негативни, иако ја прележал болеста пред неколку месеци.

Да потсетиме, актерот вчера кратко порача од болницата, па само со надеж коментираше: „Претпоставувам дека ќе бидам подобар“.

Според информациите, Гутовиќ се чувствувал лошо со денови пред да биде примен во болница, а во тоа време веќе бил на преглед на оваа клиника, но поради други поголеми здравствени проблеми.

 

Треба да знаете
Последни објави