Претходник-серија на „Вештерката“ состави актерска екипа и почна со снимање

Новата серијата The Witcher: Blood Origin, претходник на популарната The Witcher  додаде нови членови во својата сè поголема актерска екипа.

Најнови во тимот се Лени Хенри („Господар на прстените“), Мирен Мек („Гнездо“), Натаниел Кертис (Тоа е грев) и Дилан Моран (Црни книги).

Други неодамнешни дополнувања се Џејкоб Колинс-Леви („Белата принцеза“), Франческа Милс („Зулендер 2“) и новодојденците Зак Вајт и Лизи Анис.

Снимањето на The Witcher: Blood Origin официјално започна во Велика Британија.

Серијата е пртходник на популарната серија на “Нетфликс“ The Witcher („Вештерката“) во која глуми Хенри Кавил. Новиот проект ќе го истражува потеклото на вештерките и ќе ги објасни настаните што доведоа до спојување на сферите, кога световите на чудовишта, џуџиња и луѓе станаа едно.

Треба да знаете
Последни објави