(Видео) Карлеуша го прослави 43. роденден, заврши облечена во базен

Премногу вонземна за Земјата, пречовечна за вселената: Лебдам во океаните на времето и вселената барајќи го одговорот…

Ова е пораката со која српската фолк- ѕвездата Јелена Карлеуша го постираше видеото во кое облечена плива во базенот на својата вила вчера на својот 43 роденден, иако овој пат недостасуваше гламурозната прослава која секоја година пејачката ја организира.

Јелена роденденот го прослави во кругот на најблиските, далеку од очите на јавноста, но и покрај тоа, совршениот стајлинг не изостана.

Карлеуша позираше во дворот на новата семејна вила на Дедиње со роденденската торта на која беше претставена како сирена. Пејачката носеше костим за капење кој ги истакна нејзините облини, над кои носеше гламурозна наметка, во нејзината омилена, светло сина боја, со многу тул и пердуви, а во еден момент, со целиот свој роденденски стајлинг, заврши во базенот.

Треба да знаете
Последни објави