Факти за пластиката и рециклирањето

Низ светот, скоро милион пластични шишиња со разни пијалаци се продаваат секоја минута а се проценува дека годишно се фрлаат околу 13 милијарди пластични шишиња. Отпадот од домаќинството содржи 11% пластика, од кои 40% се пластични шишиња. Но најстрашниот податок е дека за една пластична чаша да се распадне во природа потребни се од 50 до 80 години, а во зависност од пластиката овој период може да се растегне и на 450 години.

Пластичните кеси и другото пластично ѓубре фрлено во океанот убиваат дури 1 милион морски суштества секоја година. Исто таква загрижувачка е состојбата и кај нас, потребно е само да погледнеме наоколу низ градот, по улиците па дури и по магистралните и регионалните патишта каде се фрлени и оставени да се распаднат пластичните шишиња што ние сме ги користеле. Додека пак, спротивно на ова е фактот дека едно рециклирано пластично шише може да заштеди доволно енергија со која сијалица од 60 вати може да свети 6 часа. Пластичниот отпад во земјата опфаќа 15% од вкупниот комунален отпад или 150 000 тони, а се рециклира само 1% од сето тоа. Колкава штета е тоа на животната околина и колку неискористен потенцијал со оглед на фактот дека една од најголемите предности и можности на рециклирањето е отворањето нови работни места.Што е потребно за ова да се смени. Компаниите што работат со селектирање и рециклирање пластика велат дека најголемиот проблем е непостоењето свест и знаење за селекција на пластиката од комуналниот отпад и за рециклирањето и за можностите на рециклирањето.

Од G&O Wastesolutions, е една од компаниите што работат со третман на отпадна пластика, селекција и балирање. Оттаму велат дека за да може селекцијата на отпадот да се пренесе на граѓаните, прво мора да им се дадат можности за рециклирање, а потоа за го прифатат рециклирањето пластика, треба да знаат колку штета нанесува и колку корисна може да биде ако се рециклира.

“Најголемиот пазар за пластика денес се материјалите за пакување. Тоа ѓубре го сочинува речиси половина од целиот пластичен отпад генериран на глобално ниво – повеќето од нив никогаш не се рециклираат или согоруваат. Повеќе од 40 проценти од пластика се користи само еднаш, потоа се фрла. Ова е тоа што треба да го знаат граѓаните и уште дека секое парче рециклирана пластика може да се одрази на квалитетот на нивниот живот. Тоа пред сè преку создавање чиста животна околина, отворање на нови работни места и преку тоа целосен позитивен импакт на домашната економија.  За граѓаните важно е да знаат дека пластиката која тие ја селектирале не завршува на некоја од општинските депонии кои во најголем дел се неконтролирани, без никакво рециклирање. Запознаени со ефектите и функционалноста на рециклираната пластика во единица како што е нашата фабрика за рециклирање, тие активно ќе се вклучат во селектирањето и тоа веднаш ќе ја подобри општата состојбата со отпадот”, велат од G&O Waste.

Оваа единица за рециклирање го прима мешаниот пластичен отпад и ја селектира пластиката според типот, полипропилен, полиетилен, пластичен филм и слично. Овој внимателен избор овозможува подобро рециклирање на отпадот и придонесува потоа да се намалат произведените количини пластика и на крајот да се подобри нашето опкружување.“На глобално ниво од 2015 година, се создадени повеќе од 6,3 милијарди тони пластичен отпад. Околу 9 проценти од тоа се рециклира, 12 проценти се согоруваат и 79 проценти се акумулираат во депонии или околина, овие бројки треба да се ги промениме ако сакаме да живееме во чиста животна околина”, дополнуваат од G&O Waste.

Треба да знаете
Последни објави