Бијонсе воодушевува во сино издание од линијата „Ајви парк родео“

Музичката кралица Бијонсе е во егзотично издание во најновите објави на официјалната Инстаграм-страница „Ајви парк“.

Пејачката на Crazy in Love е во кралско сина боја од глава до петици, додека облеката за вежбање од „Ајви парк“ ја комбинира со шапка и маска за лице со реси.

Новата објава доаѓа по само еден ден отако Барбра Стрејсенд откри дека посакува Бијонсе и Вил Смит да глумат во римејкот на „Sвездата е родена“ (2018), а не Лејди Гага и Бредли Купер.

Таблоидите ја цитираа ветеранката Стрејсенд дека Бијонсе е нејзиниот избор за „Sвездата е родена“, не Лејди Гага.

Треба да знаете
Последни објави