Среќен роденден, Де Ниро!

Роберт Де Ниро, еден од најстарите актерски ветерани кој сè уште работи во Холивуд, денес полни 78 години.

Медиумите пишуваат за неговото огромно влијание врз филмската индустрија, многуте култни улоги и филмови што го направија неодолива сила во пикот на неговата кариера.

Тој испорачува вистински емоции и гравитации, а начинот на кој ги прикажува ликовите е толку добар што кога го гледате во филм не можете да сфатите каде почнува Де Ниро и каде завршува неговиот лик.

По повод роденденот на Де Ниро, светските шоу-биз медиуми издвоија филмски цитати на холивудската легенда: Од „Tаксист“ до „Ирецот“, десетици цитати кои се едноствно феноменални.

 

Де Ниро има одлична соработка со Мартин Скорсезе. Динамичното холивудско дуо ни даде некои од најдобрите филмови на сите времиња.

Во 1974 година го глуми младиот Вито Корлеоне во „Кум 2“, што му донесе „Оскар“ за најдобра споредна машка улога.

Во 1980 година, доби „Оскар“ за најдобра машка улога (Џејк Ламота) во класикот „Разјарениот бик“. Беше номиниран за „Оскар“ за улогите во Таксист (1976) и Ловец на елени (1978).

Треба да знаете
Последни објави