Скарлет Јохансон се приклучи на тимот на новиот филм на Вес Андерсон

Таа го тужи „Дизни“ за прекршување на договорот со одлуката за стримување на Марвеловиот „Црна вдовица“.

А во понеделникот, Скарлет Јохансон резервираше уште една улога од висок профил, овојпат за режисерот Вес Андерсон.

Актерката (36) се придружува на актерската екипа на неговиот нов филм кој веќе ги вбројува Маргот Роби и Том Хенкс меѓу неговите sвезди, објави „Ти-ејч-ар ком.“

Малку е познато за заплетот на проектот на Андерсон, кој во моментов се снима.

Но, многу од неговите редовни соработници повторно се собраа за новиот проект, вклучувајќи ги Бил Мареј, Џејсон Шварцман, Тилда Свинтон и Адриен Броди.

Во меѓувреме, „Француска газета“ на Андерсон, премиерно прикажан на Канскиот филмси фестивал, се очекува да пристигне во киносалите во октомври. Одложувањето се должи на пандемијата.

Треба да знаете
Последни објави