На Ед Ширан му кажале да ги заборави своите музички соништа и да најде ‘вистинска работа’

Ед Ширан смета дека младите луѓе треба да се охрабруваат да бидат креативни, а не да се присилувааат да се фокусираат на факултет.

Британскиот хитмејкер ги повика децата да го следат патот што го сакаат, исто како и тој.

Во колумната Wаtts the Goss во весникот „Сандеј мирор“ тој напиша: „Мислам дека многуе е важно да се поттикнува креативноста кај децата.“

„Кога бев дете велев дека сакам да бидам музичар, и ќе ми речеа: Треба да најдеш вистинска работа.“

„Училиштето е толку стресно. Има многу испити – математика, англиски и наука – сите овие работи се многу тешки. Но, она што сакам да им го кажам на децата е дека ако го правите она што го сакате, на крајот ќе добиете плата за тоа“.

И 30-годишната sвезда инсистира на тоа дека научил повеќе од ниските точки на својата кариера отколку од високите.

„Учиш многу повеќе од неуспех отколку што учиш од успех,“ пишува Ширан.

Треба да знаете
Последни објави