Search

Откриен дел од Ѕидот на Хадријан во Њукасл, Англија

Нов дел од Ѕидот на римскиот император Хадријан, беше откриен за време на работа на водоводна мрежа во Њукасл, Англија. Ѕидот стар 1.900 години е пронајден под прометна улица недалеку од центарот на градот, соопшти комуналното претпријатие „Нортамбријан вотер”.

Ѕидот на Хадријан е камена бариера, долга 120 километри што ја претставувала северната граница на Римската Империја. Завршен е во 128 година н.е., за време на владетелот Хадријан.

Новооткриениот дел од Ѕидот е долг околу три метри, и е направен од големи камени блокови. Ова укажува на фактот дека е создаден на почетокот на градбата, бидејќи деловите на ѕидот што датираат од подоцнежните фази биле направени од помали камења. Археолошкиот наод ќе биде заштитен, а водоводната мрежа ќе биде пренасочена.

Треба да знаете
Последни објави