Search

Заеднички концерт на Васил Гарванлиев и Викторија во Приморско

Претставниците на Северна Македонија и на Бугарија на годинашната Евровизија, Васил Гарванлиев и Викторија Георгиева, вечерва ќе одржат заеднички концерт во црноморскиот град Приморско. Како што јави дописникот на МИА од Софија, концертот ќе започне во 21 часот по локално време на отворената сцена во близина на Општина Приморско.

Со концертот ќе се отвори меѓународниот камп „Приморско креативен камп 2021″, за време на кој на едно место се собираат претставници на креативните индустрии во Бугарија и Европа. Организаторите за бугарските медиуми изјавија дека Васил со нетрпение го очекува концертот.

-Бугарската публика е одлична. Секогаш ме поздравува со многу љубов. Многу сум среќен што можам да ја споделам сцената со Викторија, вели Гарванлиев.

На Концертот ќе настапи и победникот на популарното ТВ шоу „Бугарија бара талент” – Валерија Војкова, која ќе изведе заедничка песна со Викторија. На музичкиот спектакл ќе му се придружат македонско-канадскиот композитор, музички продуцент и пијанист Давор Јордановски, како и унгарскиот композитор и уметник Џони Палмер.

Интернационалниот креативен камп „Приморско креативен камп 2021″ се одржува со поддршка на Општина Приморско и Форест Бич Ресорт.

Треба да знаете
Последни објави