Search

Дејвид Швимер негира дека се зближил со Џенифер Анистон

Претставници на Дејвид Швимер демантираат дека тој се гледа со Џенифер Анистон.

Претходно некои таблоиди објавија дека Дејвид и Џенифер – кои глумеа вљубена двојка Рејчел Грин и Рос Гелер во хит серијата „Пријатели“ од 90 -тите – неодамна се зближиле и дека тој често оди на вечера кај неа, но претставници на Дејвид велат дека ваквите тврдња не се точни.

Дејвид (54) и Џенифер (52) ги изненадија фановите во текот на специјалната епизода односно неформална дружба на шестемина пријатели, кога и двајцата признаа дека постоела хемија меѓу нив додека работеле во серијата.

„Бев многу заљубен во Џен”, рече тој, а таа одговори: „Тоа беше взаемно. Се сеќавам дека еднаш му кажав на Дејвид дека ќе биде многу непријатно ако првпат јас и тој всушност се бакнеме на националната телевизија. И, така беше.“

“Нашето обожавање и љубов еден кон друг ги насочивме во Рос и Рејчел”.

Неодамна се појавија тврдења дека тие започнале романса по специјалната епизода. Тој, наводно, често патувал од Њујорк во Лос Анџелес за да ја види Џенифер.

Треба да знаете
Последни објави