Search

Им биле потребни повеќе години за конечно да бидат пар, детето го нарекле – „чудо“: Љубовната приказна на популарниот Џејмс Бонд и неговата избраничка

Се запознале во 1992 година, а во 2010 година стапиле во врска – оттогаш нивната љубовна приказна трае.

За љубовната приказна на Рејчел Вајс и Даниел Крејг никогаш не се поврзал ниту еден скандал, а нивното семејство важи за едно од најскладните во светот на Холивуд.

Славниот Џејмс Бонд, актерот Даниел Крејг веќе со години сака само една жена. Можеби не сте знаеле дека тоа е добитничката на Оскар, популарната актерка Рејчел Вајс.

Тие двајца во брак се една деценија, но всушност биле добри пријатели со години пред венчавката која се случила во 2011 година.

И Крејг и Рејчел првите улоги ги имале во 1992 година, но перформансот во лондонското Национално студио ги споило за првпат. Заедно настапувале во 1994 година и тогаш не можеле да увидат дека всушност тие се љубов за цел живот.

„Не беа познати, па нивната прва средба остана незабележана“, изјавил Руперт Кристијансен, па додал: „Заплетот беше таков што имаа љубовни сцени, сексуални средби и голотија на сцена“.

Сепак, платонското пријателство на Крејг и Рејчел продолжило и наредните години.

Актерот веќе бил венчан со шкотската актерка Фиона Лондон кога ја запознал Рејчел, а тие двајца ја добиле и ќерката Ела. Се развеле во 1994 година, додека пак Рејчел Вајс со Дерен Аеонфски го добила синот Хенри во 2006 година.

Поминале повеќе години додека во 2010 година не започнала романсата меѓу Крејг и Рејчел.

Тие двајца глумеле брачен пар во психолошкиот трилер „Dream House“. Истата година синоокиот актер ја раскинал веридбата со продуцентката Сацуки Мичел. Една година подоцна Рејчел и Крејг се венчале на приватна церемонија во Њујорк. Единствените гости на венчавката биле нивните деца и двајца пријатели, пренел „Guardian“. Крејг раскажал дека целта на венчавката да биде приватна била „за работите да не се расипат“.

И двајцата живеат повлечен живот, а нивните приватни животи ги чуваат далеку од очите на јавноста. Ќерката ја добиле во септември 2018 година. Рејчел Вајс тогаш имала 48 години, а Крејг 50.

Тогаш во брак биле веќе 7 години, а за детето рекле дека им е голем благослов, но и чудо.

„Кога го родив синот убедена бев дека ќе имам најмалку уште две деца. Но, сега откако ја родив ќерката во овие години, знам дека нема да имам повеќе деца. Ја преминав старосната граница за планирање и проширување на семејството“, раскажала актерката по породувањето.

Рејчел Вајс тврди дека „љубовта едноставно се случила“ со две години постариот колега Даниел Крејг со кој долго се дружела.

„Тоа е лична и приватна работа. Не мислам дека нашата врска е нешто особено поразлична од останатите, освен што сме и двајцата под будно око на јавноста“, била искрена актерката.

„Факт е дека мислев дека никогаш нема да се венчам. Тоа не беше вид на амбиција која ме интересираше. Всушност, баш спротивно од тоа. Не можев ниту да се поврзам со романтичните комедии во кои бракот е цела поента на приказната. Меѓутоа, потоа едноставно среќата се случи во еден многу зрел момент“, изјавила таа.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави