Search

Северина му пееше на Дончиќ на журката за неговиот 200 милионски договор со Далас

Лука Дончиќ потпиша неверојатен петгодишен договор со Далас маверикс кој ќе му донесе неверојатни 207 милиони долари. Со овој договор Дончиќ не само што ја има обезбедено својата иднина, туку иднината и на неколку генерации.

По потпишувањето на договорот, Лука беше запрашан на што би ги потрошил парите, а тогаш со насмевка одговори. Веќе вечерва, Дончиќ организирал голема забава на која присуствувале и првиот човек на Далас, Марк Кјубан, тренерот Џејсон Кид, како и легендата на клубот Дирк Новицки.

Главна за атмосферата била сплитската пејачка Северина која направила одлична атмосфера за Дончиќ и друштвото.

Забавата била „зачинета“ и со спектакуларен огномет, а дел од присутните преку социјалните мрежи ја пренесоа атмосферата од забавата на Дончиќ.

Треба да знаете
Последни објави