Search

Фиби Диневор не се срами кога нејзините родители ги гледаат жешките сцени во „Бриџертон“

На Фиби Диневор не ѝ е непријатно кога нејзините родители ги гледаат секс сцените во „Бриџертон“.

Актерката ја глуми лејди Дафни Бриџертон во драмската серија на „Нетфликс“, но не се чувствува лошо дека нејзините славни родители – актерката Сали Диневор и писателот Тим Диневор – ја гледаат во интимно издание затоа што смета дека веројатно разбираат подобро од повеќето луѓе, со оглед на сопствените кариери.

“За среќа, тие се во индустријата, па претпоставувам дека веројатно сфаќаат повеќе од останатите. Мислам дека се навистина горди што ме видоа како работам напорно во серијата,“ рече таа во интервју за „Мирор“.

Фиби признава дека не претпоставувала колку успешна ќе биде серијата.

Таа додаде за британскиот весник: „Кога се снимаше всушност немавме идеја што ќе биде. Велевме: што е ова? Најчесто снимавме во мрак и се надевавме на најдоброто. „Сите се збиживме, многу се смеевме, беше интересно“.

Треба да знаете
Последни објави