Search

Почина Денис Томас, ко-основачот на „Кул енд д генг“

Денис Томас, еден од основачките членови на Kool & the Gang, соул-фанк бендот од 70-тите и почетокот на 80-тите години, почина на 70-годишна возраст.

Тој починал мирно во сон во Њу Џерси во саботата, како што објави бендот на својот Фејсбук-профил..

Денис свиреше на саксафон, флејта, ударалки и беше мајстор за церемонии на концертите.

Kool & the Gang стана еден од најпопуларните и највлијателните во својата ера со хитови како Celebration и Get Down On It.

Нивната музика беше прикажана во неколку филмови, вклучително и мјузиклот „Треска на саботната вечер“ (Saturday Night Fever) – за кој добија Греми во 1978 година, и „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) – култниот филм на Тарантино од 1994 година.

Треба да знаете
Последни објави