Search

Принцезата Евгени се придружи на предизвикот на Меган Маркл

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, го прослави својот 40. роденден со објавување на иницијативата 40×40 со помош на актерката комичарка Мелиса Мекарти.

Неколку часа по објавата, принцезата Евгени им се придружи на Адел, Кери Вашингтон, Хилари Клинтон и многу други во роденденскиот предизвик на Меган, објави магзинот „Пипл“.

 

Војвотката од Сасекс во средата објави ново видео (со помош на комичарката Мелиса Мекарти) на веб -страницата на „Фондацијата Арчивел“ – добротворна организација на принцот Хари и Меган – за да го најави проектот 40х40, „глобален напор што ги охрабрува луѓето од целиот свет да посветат 40 минути од своето време за да ги поддржат жените кои се враќаат на работа,“ се наведува во соопштението од нејзината канцеларија.

„За мојот роденден, замолив 40 пријатели, активисти, спортисти, уметници и светски лидери да помогнат во стартирање на глобалниот напор со допринос од 40 минути менторство за поддршка на жените при нивното повторно влегување во работна сила,“ додаде Меган на веб-страницата на „Аечивел“.

„Се надевам дека секој од нив ќе помогне некому да го унапреди професионалниот живот по сопствени услови, и се надевам дека ќе инспирираат безброј други да дадат 40 минути од своето време “.

Принцезата Евгение, роднина на принцот Хари, ја сподели иницијативата на својот Инстаграм-стори, и напиша: „За да го прославам 40. роденден на драгата Меган, придонесувам со 40 минути менторство за да им помогнам на жените што повторно влегуваат во работната сила“. Внуката на кралицата Елизабета додаде шарен стикер „Среќен роденден“, како и слика од цртан филм на симпатична фигура со роденденска шапка.

Треба да знаете
Последни објави