Search

Евростат: Околу 16 отсто од луѓето над 75 години консумираат алкохол секојдневно

Новите податоци на Евростат, објавени денеска, покажуваат дека повозрасните граѓани консумираат најмногу алкохол секојдневно. Околу 16 проценти од оние над 75 години консумираат алкохол секојдневно, покажува истражувањето на статистичката служба на Европската унија. Само еден процент од луѓето на возраст од 15 до 24 години пијат секојдневно.

Секој ден во 2019 година, пиеле 8,4 проценти од населението во Европската унија, 26,2 отсто од нив не консумирале алкохол во изминатите 12 месеци.

Навиките за пиење се разликуваат низ Европската унија. Во Португалија, секој петти возрасен човек пие секој ден, додека во Летонија и Литванија тој процент изнесува еден отсто. Данците пијат најмногу – околу 40 проценти од нив пијат прекумерно повеќе од еднаш месечно. Со 17 проценти, Хрватска е под европскиот просек од 19 проценти, а потоа следуваат Данска, Романија, Луксембург и Германија.

Евростат смета дека прекумерно пиење е конзумирање 60 грама чист етанол, или пет стандардни пива. Од друга страна, само четири проценти од граѓаните на Италија и на Кипар го прават тоа, според податоците на Евростат.

Треба да знаете
Последни објави