Search

Барби со ликот на жена-научник заслужна за вакцината АстраЗенека

Производителот на Барби, „Мател“, креираше кукла во чест на жена-научник која работеше на создавањето на вакцината против коронавирус на Универзитетот Оксфорд, професорката Сара Гилберт.

За нејзините заслуги, Сара Гилберт, една од тимот научници во институтот Џенер во Оксфорд, ја доби почесната титула Дама, додека директорот на институтот, Адријан Хил, беше прогласен за почесен витез.

Коментирајќи ја одлуката на „Мател“ да ја нправи омилената Барби со нејзиниот лик, професорката заслужна за вакцината АстраЗенека рече дека на почетокот ѝ било многу чудно, но се надева дека тоа ќе ги инспирира децата.

„Се надевам дека мојата кукла ќе им покаже на децата дека постојат професии за кои можеби не се свесни, како што се експерти за вакцини“, рече Гилберт.

Барбиката на Гилберт  е една од петте кукли на жени кои работат во науката, технологијата, инженерството и математиката.

Вакцината на Оксфорд и АстраЗенека ја користат повеќе од 170 земји во борбата против новиот вид коронавирус Сарс-КоВ-2.

„Навистина би сакала да инспирирам нова генерација девојки за кариера во STEM-области. Се надевам дека децата што ја гледаат мојата Барби ќе разберат колку клучните научни области му помагаат на светот околу нас,“ рече Гилберт.

Треба да знаете
Последни објави