Search

„Круната“ ја најде својата нова принцеза Ана

Како што растат очекувањата за петтата сезона на популарната серија „Круната“ (The Crown), продукцијата конечно е во тек, што значи дека почннаа да се појавуваат првите фотографии на актерската екипа.

Само неколку дена откако Имелда Стаунтон беше најавена како нова кралица во серијата, фановите беа почестени да ја видат актерката која сега ќе ја глуми принцезата Ана, а тоа е Клаудија Харисон.

45-годишната британска актерка Клаудија Харисон, која претходно глумеше во филмовите The IT CrowdHumans и Midsomer Murders, ќе ја преземе од Ерин Доерти улогата на постарата принцеза, додека дејствието на историската драма на „Нетфликс“ продолжува во 1990 -тите.

 

Треба да знаете
Последни објави