Search

Зошто треба да рециклираме – придобивки од рециклирањето пластика

Постојат многу придобивки од рециклирањето пластика за животната средина. Во Македонија многу е мал процентот на рециклирање во споредба со европските земји кои рециклираат над 50% од нивниот отпад, а ние граѓаните пак имаме многу малку сознанија за обемот, значењето и влијаниетокое го има рециклирањето врз целокупната економија. Шведска рециклира скоро 100% од својот отпад, Холандија, Швајцарија и Австрија, исто така се на високи позиции со рециклирање на околу 50% од нивниот отпад. Причини за сè поголемата примена на рециклирањето, е влијанието врз целокупната економија и ефектите од тоа. Со рециклирање и избор на рециклирани производи, сите можеме да помогнеме да се направи позитивно влијание врз планетата.Пластиките се користат за производство на неверојатен број производи што ги користиме во нашиот секојдневен живот, како што се пакувањена храна и пијалаци, кеси, пластични чаши и прибор за јадење, пластични шишиња, детски играчки. Итоа не е се, сметајќи ја целата пластика што се користи при изработка на мебел, апарати, компјутери и автомобили.Кеси, шишиња, сламки – пластичен отпад фрламе насекаде околу нас, а истиот завршува во речните канали, покрај патиштата, во езерата, како и низ улиците во населените места. Притоа, општо познато е дека пластиката не се разложува, туку само се распаѓа на ситни делови, таканаречена, микропластика. Решение за овој проблем е рециклирање на пластичниот отпад.Процесот на рециклирање овозможува материјалите да се претвораат во нови производи кои можат повторно да се користат, наместо да се испраќаат на депонија како отпад. Има многу предности од рециклирањето кои главно се сведуваат на 4 основни но економски оправдани карактеристики.

Намалување на отпадот на депониите

Процесот на вадење суровини може да генерира многу загадување. Колку повеќе рециклираме, толку помалку има екстракција и помало загадување на животната средина и воздухот. Рециклирањето пластика ја намалува количината на пластичен отпад што се испраќа на депониите. Распаѓањето на материјалот на депониите често испушта метан, што е 30 пати поштетен од јаглерод диоксидот.Зачувување на природните ресурси

Рециклирањето покрај тоа што ја намалува количината отпад на депониите, дополнително и ја намалува потребата за нови суровини. Процесот на вадење нови суровини е скап, се користи многу вода и енергија. Токму затоа рециклирањето дава  живот на нови производи, помалку ресурси се ископуваат. Да рециклираме за да ги заштитиме нашите ресурси!

Создава работни места

Процесот на рециклирање создава повеќе работни места на повисоки нивоа на приходи отколку само депонирање или согорување на отпадот. Согорувањето на 10 000 тони отпад создава 1 работно место, додека депонирањето на иста количина отпад на депонија создава 6 работни места. Со рециклирање на истата количина од 10 000 тони пластичен отпад се создаваат 36 работни места.

Заштеда на електрична енергија

Рециклирањето на пластичниот отпад придонесува до значителна заштеда на енергија. На годишно ниво, машините за рециклирање заштедуваат иста количина енергија што би била потребна за напојување на 14 милиони домови за цела година. Тоа е еквивалентно на исклучување на струјата за еден од секои 10 домови за цела година.

 

 

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави