Search

Заврши романсата меѓу Канjе Вест и Ирина Шајк, супермоделот одби да оди со него во Париз

Романсата на Канје Вест и Ирина Шајк, наводно, е готова.

44-годишниот рапер и рускиот супермодел (35) предизвикаа шпекулации за љубовна врска минатиот месец кога беа видени на прошетка во Париз на роденденот на Канје.

Додека фановите имаа големи надежи за малку веројатната двојка по разделбата на Канје од Ким Кардашјан, Ирина сака да го разлади нивниот меѓусебен однос и наводно му рекла на раперот дека од сега сака да бидат само пријатели.

Според „Пејџ сикс“, раперот неодамна ја поканил Ирина да присуствува на Модната недела во Париз со него, но таа го одбила бидејќи не била заинтересирана за љубовна врска.

Инсајдерот откри: „Таа го сака како пријател, но не сака врска со него“.

Ирина не сака да ги подгрева шпекулациите дека се заедно, што секако ќе се појават во весниците ако се појави во Париз со него. „Тоа би било уште еден месец вести дека се забавуваат“, вели инсајдерот додавајќи дека Ирина била прилично изнервирана кога минатиот месец беа објавени фотогрфиите од нив двајца во Париз за роденденот на раперот.

Иако таму имаше десетици пријателки, супермоделот веднаш романтично ја поврзаа со раперот иако присуствуваше на настанот како негов пријател.

„Ирина отиде на неговата роденденска забава како пријателка. Имаше уште 50 други луѓе. Таа не сака во моментот да биде поврзана со никого“, изјави изворот за „Пејџ сикс“.

Ирина, наводно, е многу среќна што е сама во моментот и не сака да влетува во сериозна врска со никого.

Треба да знаете
Последни објави