Search

„Астон Мартин” го претстави новиот хибриден модел „Валхала”

„Астон Мартин” го претстави концептниот модел „АМ-РБ 003″ во март 2019 година, за којшто се велеше дека треба да го пополни празниот простор меѓу најмоќниот ултраспортски хибриден модел „Валкири” и конвенционално движечкиот „ДБС”… Најновиот „двосед” од Англија – „Валхала” се напојува со хибриден погонски систем кој на возачот му става на располагање 950 коњски сили.

Новиот модел има и 4-литарски битурбо мотор на „АМГ”, помогнат од два електрични мотори. Натаму, има 1.000 њутн-метри вртежи, како и забрзување до 100 км/ч за 2,5 секунди и најмногу 350 км/ч. Новоразвиениот 8-степенски автоматски менувач, „потпишан” од италијанската компанија „Грацијано”, е исто така, еден од новитетите.

Со перформансите во преден план, јасно е дека електрификацијата во овој случај не е наменета за заштеда на гориво, бидејќи капацитетот на батеријата е доволен за само 15 километри без помош на моторот „В-8″.

Првичните податоци говорат дека „Валхала” ќе чини околу 750.000 евра. Првите испораки се планираат за крајот на следната 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави