Search

(Видео) Зграда од 70 ката се заниша од ветар во Кина, експерти ги испитуваат причините

70-катниот облакодер во градот Шенжен на југот на Кина почна да се ниша како последица на ветровите што предизвикаа вибрации на громобранот на покривот, соопштија денеска кинеските власти.

Покрената е итна постапка за испитување на безбедноста на објектот.

Владата на Шенжен објави дека облакодерот „СЕГ Плаза“ се смета за безбеден, дека громобранот се отстранува и дека се користат други методи за исполнување на нејзината функција, пренесуваат агенциите.

Донесени се бројни експерти од цела Кина за да се испита причината за осцилацијата и да се процени безбедноста на објектот, пишуваат новинарите.

Треба да знаете
Последни објави