Search

(Видео) Успешно завршена мисија: Милијардерот Брансон одлета во вселената

Британскиот претприемач Сер Ричард Бренсон ја оствари животната желба и одлета на работ на вселената. Во неделата, неговиот ракетен авион Вирџин Галактик се искачи на височините каде небото се претвори црно, а хоризонтот на Земјата се извиваше на далечина. Бренсон слета на Земјата без никакви проблеми откако помина неколку минути во вселенската орбита.

Од Ново Мексико до САД леташе со авион што го усовршуваше 17 години.
Авионот „Unity“ бил ослободен од стомакот на поголем авион и потоа ги вклучил своите мотори кои го носеле нагоре.

Со Брансон биле двајцата пилоти на Unity, Дејв Мекај и Мајкл Масучи и тројца вработени во Галактик – Бет Мозес, Колин Бенет и Сириша Бандла.

Британскиот претприемач претходно изјави дека целта на летот е да го тестира искуството за вселенски туризам, кое планира да започне да го продава следната година.

-ште како дете сакав да одам во вселената и да им овозможам на стотици илјади други луѓе да го сторат тоа во следните 100 години. И зошто да не одиме во вселената? Универзумот е извонреден, величествен. Сакам луѓето да можат да ја видат нашата прекрасна Земја, така што по враќањето дома ќе можат повеќе да се грижат за неа, изјави Сер Ричард за Би-Би-Си.

Вселенското летало започна со мисијата над Ново Мексико, но со час и половина задоцнување поради лошите временски услови. Патниците можеа да се одврзат и да уживаат во бестежинска состојба неколку минути.

Треба да знаете
Последни објави