Search

Џенифер Лопез за новата песна и сегашната љубов

Џенифер Лопез, првпат откако ја започна својата повторна врска со Бен Афлек, проговори за тоа во едно интервју… Во разговор со Зејн Лоу за „Епл мјузик 1″, Џеј Ло сподели колку е среќен нејзиниот живот во мигов.

– Јас сум суперсреќна! Знам дека луѓето секогаш прашуваат – како си? Што се случува? Дали си добро? Ова е тоа. Никогаш не сум била подобро. И сакам моите луѓе, кои се грижат за мене затоа што се грижат за нив самите, да знаат дека навистина стигнав до она место во мојот живот каде што сум одлично. И мислам дека откако ќе стигнете на тоа место, тогаш ви се случуваат неверојатни работи што никогаш не сте ги замислувале во вашиот живот – да се повторат. И така, тука сум. И ја сакам целата љубов што ми доаѓа сега и сите добри желби. И само сакам сите да знаат дека сега е најдоброто време. Ова е најдоброто време во мојот живот!, рече таа.

Интервјуто, првично, беше за издавањето на песната „Cambia El Paso“, (на македонски: „Смени го чекорот”).

– Песната е за промените и за тоа – да не се плашиме да го направиме тој чекор! Ако нешто не оди како што треба, што и да е во вашиот живот, едноставно направете го тој потег и танцувајте. Танцот е живот, и радост, и среќа!, вели Лопез.

Таа била во Доминиканската Република по раскинувањето со Алекс Родригез, па сфатила дека тоа e место за снимање на видеоспотот што допрва треба да биде објавен.

– Го сакам мојот живот во овој миг. Го сакам тоа што го работам. И местото каде што сум. Ја сакам личноста во која постојано, некако, се развивам и растам. И тој вид радост, среќа, тој вид љубов секогаш ме инспирира. Мислам дека некои луѓе навистина се инспирираат тогаш кога им е скршено срцето!, додава таа.

Треба да знаете
Последни објави