Search

Роберт Дауни Постариот почина на 85-годишна возраст

Роберт Дауни Постариот, актер и режисер, татко на sвездата на „Железниот човек“ Роберт Дауни Џуниор,  почина во сон во неговиот дом во Њујорк по битката со Паркинсоновата болест, потврди неговиот син на Инстаграм во средата.

Роберт помладиот покрај фотографијата на својот татко напиша: „RIP Bob D. Sr. 1936-2021… Синоќа, тато замина мирно во сон по долга битка со Паркинсон и пустошот што му го нанесе оваа болест … тој беше вистински филски автор и остана неверојатен оптимист.“

Холивудската икона – кој беше познат како режисер на анти-естаблишмент класични филмови како што беа „Путни Своп“ и „Палатата на Гризер“ – се бореше со Паркинсон повеќе од пет години.

 

Треба да знаете
Последни објави