Search

Хајди Клум и нејзиното куче Антон спремни да го гледаат шоуто за таленти

Хајди Клум е подготвена да го гледа популарното натпреварувачко шоу со многу акција, „Америка има талент“, во кое е член на жирито.

Таа има неверојатна помош, во форма на џиновско сиво-бело куче Антон, кој се смести на кревет покрај убавицата за да ѝ прави друштво.

На фотографијата што ја сподели на својот Инстаграм во вторникот вечерта, Хајди (48) се подготвува да ја гледа новата епизода од шоуто за таленти.

Хајди, поранешен германско-американски супермодел, е облечена во пижами со принтови – фотографии на кои е заедно со нејзините колеги судии на шоуто за таленти – Софија Вергара, Хови Мандел, Тери Крус и Сајмон Ковел.

„Антон и јас сме подготвени за America’s Got Talent!“ напиша таа во описот на фотографиите, додавајќи смајлиња и емотикони со лице на куче.

Треба да знаете
Последни објави