Search

Тажен крај на најубавата љубовна приказна: Угина Малена, Клепетан по 19 години останува сам

Најомилениот штрк на Балканот, Малена почина денес во домот на Стјепан Вокиќ во Бродска Варош во Хрватска. Љубовната сага меѓу неа и Клепетан траеше 19 години, па затоа милиони луѓе ширум светот едвај чекаа на моментот кога „Клепо“, како што го нарекуваше Стејепан, ќе дојде кај својата сакана, која трпеливо го чекаше во нивното љубовно гнездо скоро две децении со оглед на тоа што таа не можеше да лета поради скршено крило.

Стјепан се грижеше за Малена веќе 28 години, од 1993 година, кога ја донесе дома од риболов, откако ја најде со скршено крило. Во 2001 година, Клепетан се вмеша во необичната приказна за пријателството помеѓу човекот и штркот, и од тогаш до денес, секоја година доаѓаше кај својата сакана да се пари.Од оваа љубов, како што вели Стјепан, тие до денес имале 66 потомци.

-11 дена не сакаше да јаде, се обидов да ја ранам, беше кај мене дома. Клепетан остана тука, но не сака во гнездото. Тој и натаму мисли дека таа е некаде, многу ми е тешко. Долго време имаше скршено крило. И ветеринар ја посетуваше во последните денови, но веднаш ми кажа дека и нема помош, потврдил за Индекс.хр Стјепан Вокиќ кој ја чуваше Малена.

Тажниот Стјепан вели дека остануваат сега тој и Клепетан, па доколку се врати идната година ќе биде тука за него.

За нивната љубовна приказна која сега заврши е снимен и филм насловен како „Старецот и штркот“.

Треба да знаете
Последни објави