Search

Проектот на Ди Каприо за луксузен екорисорт во Белизе мирува со години по протестите

Го купи малиот остров Блекадор во близина на крајбрежјето на Белизе во 2005 година за 1,75 милион долари и Леонардо ди Каприо имаше план да го промени светот со изградба на луксузен екорисорт, кој требаше да се отвори во 2018 година.

Сепак, протестите и реакциите од локалното население во Белизе и рибарите ефективно ги закочија амбициозните планови на 46-годишниот оскаровец, кој имаше план да гради на песочен појас од 104 акри со должина од 2,2 милји (околу 3,5 километри).

 

Демонстрантите се навредија од идејата на Леонардо за 116 лебдечки вили изградени на платформа поддржана од столбови со вештачки гребени сметајќи дека таквите градби би ги уништило рибниците.

Тие организираа кампања против изградба на луксузниот рисорт.

„Идејата на Ди Каприо да го нарече овој проект еколошки е само терен за продажба“, изјави Ребека Арсео, претставник на локана туристичка компанија, за „Сан“ во вторникот.

„Според мене, тој е целосен лицемер. Таканаречениот мува-риболов (фаќање риба со помош на кука направена да изгледа како мува или друг инсект) е огромна зделка во туристичката индустрија во Белизе. Одвратно е неговиот план да се нарекува зелен“, рече тур-операторот.

Треба да знаете
Последни објави