Search

Стивен Дорф: „Црната вдовица“ изгледа како лоша видеоигра

Стивен Дорф е засрамен дека Скарлет Јохансон глуми во „Црната вдовица“, новиот филмски спектакл на Марвеловиот универзум.

47-годишниот актер ги отфрли филмовите на Marvel Cinematic Universe (MCU) и ги нарече „ѓубре“ со графики кои наликуваат на лоша видео игра. Тој истакна дека повеќе би сакал да најде млад режисер со кого ќе работи отколку да преземе улога во една од научнофантастичните суперхеројски саги.

Дорф, кој глумеше во акциониот хорор „Блејд“ од 1998 – филм во сопственост на „Марвел“ – рече: „Јас сè уште ловам добри филмови и не сакам да бидам во „Црната вдовица“.

“Мене ми изгледа како ѓубре. Изгледа како лоша видео игра. Срамота за тие луѓе. Срамота за Скарлет! Сигурен сум дека добила хонорар од пет или седум милиони долари, но јас сум засрамен за неа.“

“Не сакам да бидам во тие филмови. Ќе најдам нов режисер што ќе биде следниот Стенли Кјубрик и ќе глумам за него.“

Тој се пошегува дека не треба да се грижи за наоѓање улоги со високи хонорари затоа што не треба да заработува многу пари. “Јас сè уште немам семејство и немам пет поранешни жени кои треба да ги плаќам. Имам доволно за моите потреби.“

Треба да знаете
Последни објави