Search

Се раздели од свршеникот, се дружи со Бен Афлек, Џеј Ло никогаш не била посреќна

Џенифер Лопез открива дека никогаш не се чувствувала подобро.

51-годишната пејачка и актерка се раздели од свршеникот Алекс Родригез пред три месеци и потоа повторно ја разгори својата романса со поранешниот партнер Бен Афлек, а сега таа призна дека „во моментов го поминува најдоброто време од својот живот“.

“Јас сум суперсреќна. Луѓето постојано прашуваат: „Како си? Што се случува? Дали си добро? ” Ова е тоа. Никогаш не сум била подобра,“ рече таа.

„Сакам луѓето кои се грижат за мене да знаат дека навистина стигнав до место во мојот живот каде што сум одлична сама. И мислам дека откако ќе стигнете на тоа место, тогаш ви се случуваат неверојатни работи што никогаш не сте помислувале дека ќе се повторат во вашиот живот.“

Таа не го спомна Бен по име кога изјави дека ја цени целата љубов што ѝ доаѓа и убавите желби од фановите, но повторно истакна колку се чувствува среќна.

Треба да знаете
Последни објави