Search

Том Холанд и Зендаја уловени додека се бакнуваат во автомобил

Актерот Том Холанд (25) и пејачката Зендаја (24) беа фотографирани како се бакнуваат во автомобил.

Шпекулациите дека Том и Зендаја се во врска кружат веќе неколку години, но тие секогаш ги негираа тврдењата дека се заедно.

Се запознаа во 2017 година текот на снимањето на Spider-Man: Homecoming, новото продолжение на серијалот за човекот-пајак.

Таблоидите пишуваа за наводната романса помеѓу двете звезди на „Спајдермен“ уште кога ги презедоа улогите на Питер Паркер и М. M.

И иако избегнуваа да ги потврдат шпекулациите, се чини дека фотографиите до кои дојде порталот „Пејџ сикс“ се конечна потврда на нивната романса.

Претставниците на двојката сè уште не ги коментираа најновите вести, но ова се случува првпат откако пред четири години анонимни извори ја обелоденија наводната романса.

Треба да знаете
Последни објави