Search

Зошто е важно за нас и околината рециклирањето на пластичен отпад?

Освен што за целосно распаѓање на едно пластично шише се потребни околу 400 години и е еден од најштетните процеси, пластичниот отпад предизвикува масовното загадување на секој дел од животната средина. Од друга страна, рециклирањето пластика ги носи најголемите придобивки за современиот живот. Предностите од рециклирањето пластика се растегнуваат од важни за животната околина и целосниот еко систем, до човекот и на крај за економијата.

 

Суштинско е тоа што рециклирањето отпад може да го подобри животот на граѓаните, може да помогне да се спаси животната средина од загадување на воздухот, почвата, загадувањето на водата, да се намали количината на депониран отпад. А од економски аспект, рециклирањето и воопшто правилното менаџирање со отпадот отвора  можности за нови работни места во општините. Имено постројките за рециклирање и интегрираните депонии за управување со отпад, отвораат многу повеќе работни места отколку само собирањето на пластичниот отпад и транспортирање до депонии каде се остава да се распадне.

Една од неколкуте компании во Македонија кои нудат суштинско решение за проблемот со отпадната пластика во земјава е G&O Waste Solution која работи со постројка за третман на отпадна пластика во Гевгелија. Компанијата се занимава со набавка, селекција и балирање пластика, којашто потоа им се доставува на компаниите за рециклирање.

„Проблемот со пластиката е горлива тема и најголемиот проблем со пластичен отпад се јавува кога истиот завршува во депонии каде пластиката се гори или завршува во реките, морињата, океаните, што го уништува целосниот еко-систем. Секој ден количината пластичен отпад расте и немаме време повеќе да размислуваме, туку треба активно да делуваме. Како што знаеме, постои хиерархија на отпадот што значи: спречување, минимизирање, повторна употреба, рециклирање, обновување на енергија и депонирање. Јасно е дека спречувањето на производството на пластика и пластичен отпад не е возможно, но сигурно можеме повторно да ја искористиме и рециклираме. Ова е она што G&O Waste Solution го прави”, велат од G&O Waste Solution.

Од таму дополнуваат дека единствена пречка за масовно рециклирање на пластиката во земјава е тоа што граѓаните се свесни за проблемот со отпадот, но не и за системот за правилно селектирање и рециклирање на отпадот. „Овој процес треба да се систематизира и развива. Потребна е едукација на населението со што дополнително ќе им укажеме на придобивките кои ние како граѓани ги имаме од рециклирањето на пластичниот отпад. Најважното нешто што треба да се знае е дека рециклирањето отпад може да го подобри животот и секојдневието на граѓаните”, дополнуваат од G&O Waste Solution.

 

 

Треба да знаете
Последни објави