Search

„Гугл” избриша девет „малициозни” програми од „Плеј стор”

„Гугл” продолжува да се бори против апликациите за Андроид кои ги нарушуваат правилата за приватност. Компанијата овојпат отстрани девет програми од својата интернет-продавница „Плеј стор”.

Нивните аналитичари откриле дека некои популарни апликации „краделе” податоци за пристап на корисниците на социјалните мрежи, а меѓу нив се и „Дневниот хороскоп” (Horoscope Daily) и „Чистачот на ѓубре” (Rubbish Cleaner). Овие апликации имаат милиони преземања.

Апликациите ги измамиле корисниците со прикажување на вистинската страница за најавување на Фејсбук и потоа преку JavaScript и „колачиња”, се вршеле злоупотреби. Во секој од случаите, целта била Фејсбук.

„Гугл” ги отстрани тие апликации, но ги забрани и сите други коишто им припаѓаат на спорните програмери.

Треба да знаете
Последни објави